Фудбалерот на Барселона проговори за тешкото детство

Рафиња: Поради дрога и криминал изгубив пријатели кои играа 10 пати подобро од мене

Новото засилување на Барселона, Рафиња проговори за тешкото детство вели дека поради дрога и криминал загубил пројатели кои играле 10 пати подобро од него и можеле да станат големи фудбалери.

Со своите одлични настапи во Лидс, Рафиња го привлече вниманието на многу клубови, беше на чекор до трансфер во Челси, но на крајот се пресели во Барселона во зделка вредна околу 70 милиони евра.

Во разговор со УОЛ Еспорте, Бразилецот проговори за тешкото детство во Јужната Зона на Порто Алегре.

„Таму е тешко да ги следите зацртаните планови и да не забегате од патот по кој одите. Ви се нудат многу работи, брз начин да заработите пари и тука луѓето се губат. Останав без многу пријатели поради криминал и продажба на дрога... пријатели кои играа 10 пати подобро од мене и можеа да станат големи фудбалери“ – раскажува Рафиња.

„Ваквите примери само ми помогнаа да го задржам фокусот на она што го сакав, сакав да станам фудбалер. Луѓето сега зборуваат за моите магии на фудбалските терени, но магија е да успееш во животот кога потекнуваш од таква населба и окружување“.

„Нема да биде фер доколку кажам дека сум гладувал како дете, моите се грижеа дома секогаш да имаме храна, но после тренинг знаев да питачам по улица и да барам од луѓе да ми купат храна или нешто да каснам. Некои ми помагаа, други ме навредуваа и ме викаа клошар“.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе