Му пресудиле две работи

РАЦ 1: Куман заминува, има само 1% шанси да остане

Радио Каталонија објави дека Роналд Куман речиси сигурно ќе го напушти кормилото на Барселона, Холанѓанецот има минимални шанси да остане и тоа само доколку Жоан Лапорта не успее да најде соодветна замена.

Роналд Куман нема да ја предводи Барселона следната сезона, ова го пренесе новинарот Рожер Саперас во емисијата „Ту Дирас“ на Радио Каталонија. Тој објави дека е донесена одлука, стратегот 99% заминува и покрај тоа што има уште една година од договорот.

Му пресудиле две работи, тоа што не е избор на Жоан Лапорта и пристапот на Холанѓанецот на последните натпревари кога Барселона требаше да го зграпчи врвот на табелата и сама да одлучува за титулата, но целосно потфрли.

Роналд Куман сепак може да остане на кормилото, тој 1% е наменет за можноста Жоан Лапорта и неговите соработници да не успеат да најде соодветна замена.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе