ПМФЛ

Работнички во Лига Европа, Скопје и Пелистер испаднаа во втора лига

Работнички со 3-2 го совлада Скопје со што си обезбеди место во Лига Европа и го исфрли противникот во втората лига каде што е и Пелистер, Победа ќе игра бараж откако беше подобра од Ренова со 1-0.

Во интересен меч во кој два пати имаше негатива, Работнички со 3-2 го победи Скопје кој и покрај одличните игри во вториот дел од сезоната не успеа да се спаси.
 
Скопје преку Дмир и Кофи два пати имаше водство, но Работнички со голови на Петковски и Кировски го изедначуваше резултатот. Христијан Кировски во 82. минута со својот втор гол овој пат од пенал ја донесе големата победа за својот тим.
 
Овој резултат и одговараше на Победа која со триумф од 1-0 над Ренова се спаси и ќе игра бараж за останување во Првата лига.
 
Шампионот Шкендија со 4-0 го совлада Пелистер кој исто така се враќа во втората лига.
 
Шкупи со 4-1 го победи Вардар и го освои четвртото место кое најверојатно ќе му донесе место во Лига Европа. За да не се случи тоа треба Пелистер да направи големо изненадување и да го освои Купот на Македонија во финалето со Шкендија.
 
Силекс се надеваше дека Шкупи нема да победи, само во тој случајн нивната победа на гостувањето кај Академија Пандев од 2-1 ќе ги однесеше на четвртото место. Но ништо од тоа, тие имаа солидна сезона која ја завршија на петтата позиција.
 
Конечна табела:
 
1. Шкендија 91
2. Вардар 56
3. Работнички 52
4. Шкупи 51
5. Силекс 50
6. Академија Пандев 42
7. Ренова 41
8. Победа 38
9. Скопје 35
10. Пелистер 34

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе