ПМФЛ

Работнички ја изненади Шкендија, Вардар се зацврсти на врвот

Шкендија загуби на свој терен од Работнички со 1-0 и падна од втората позиција на табелата, Вардар со гол на Новак ја совлада Струга Трим Лум и ја зголеми предноста на врвот. 

Работнички ја потврди големата форма и на гостувањето кај актуелниот шампион каде не само што победи со 1-0 туку одигра и одличен натпревар, создаде многу шанси за гол, а искористи една.
 
И тетовскиот тим имаше свои можности, погоди и пречка, но не успеа да ја погоди и мрежата на Работнички.
 
Клучниот момент се случи во 54. минута кога Себастијан Хера изведе корнер, а Дино Захов лошо реагираше и наместо да ја фати лесно топката, таа му се лизна и заврши зад линијата. 
 
Во финишот од мечот Шкендија доби два црвени картони, Кривак и Мерџани беа исклучени од игра.
 
Вардар дојде до тежок триумф на Струга ТЛ со кој сега има 10 бода пред Силекс и дури 11 пред Шкендија.
 
Победата од 1-0 ја донесе Евгениј Новак со гол во 69. минута од натпреварот.
 
Силекс со гол во 85. минута на Иван Ивановски дојде до реми од 1-1 на гостувањето кај Чаир и освои бод кој ги однесе на втората позиција на табелата.
 
Претходно Шкупи поведе во 24. минута со гол на Дарбое но не успеа да ја задржи предноста.
 
Академија Пандев продолжува да тоне, овој пат загуби од Ренова во Струмица со 1-0. Голот беше дело на Башким Велија во првото полувреме.
 
Борец по големата победа над Шкендија, оствари нов триумф, овој пат со 2-0 славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Головите ги постигнаа Радовиќ и Десниќ во првото полувреме.
 
Табела по 23. коло:
 
1. Вардар 46
2. Силекс 36
3. Шкендија 35
4. Ренова 31
5. Шкупи 29
6. Македонија ЃП 29
7. Академија Пандев 28
8. Работнички 28
9. Борец 27
10. Струга ТЛ 25
 
Фото: ФК Шкендија
 

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе