Квалификации за Лига Европа

Работнички ја доби првата битка со Хонвед

Работнички со 2-1 славеше во првиот натпревар од квалификациите за Лига Европа против Хонвед, македонскиот тим може да жали што не го направи тоа многу поубедливо.

На натпреварот кој се играше на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, Работнички беше подобар тим и победата над фаворизираниот Хонвед можеше да биде изразена со повеќе голови разлика.
 
Резултатот беше отворен по половина час игра кога по асистенција од Оливер Пеев, Петар Петковски постигна гол за водство од 1-0.
 
За жал Работнички не успеа да го издржи првото полувреме без примен погодок иако немаше доволно закани од противникот. Во судиското продолжение од првиот дел Наџи со вистинска бомба од далечина изедначи на 1-1.
 
По 15 минути игра во вториот дел Работнички успеа да го врати водството, Шаркоски постигна гол по центаршут на Стевановиќ за 2-1.
 
До крајот на мечот Душан Стевиќ и Филип Петковски пропуштија убави шанси за гол.
 
Реваншот во Будимпешта се игра во вторник од 18 часот, предност за Работнички ќе биде тоа што ќе се игра пред празни трибини поради казната која ја издржува Хонвед.
 
 
Фото: ФК Работнички

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе