Куп на Македонија

Работнички и Македонија ЃП преку пеналите до осминафиналето од Купот

На Работнички и Македонија Ѓорче Петров им требаа пенали за да се пласираат во следното коло од Купот на Македонија. 

Фото: ФК Работнички
Немаше голови во регуларниот дел од мечот меѓу Влазерими и Работнички, а фаворитот подобро ги изведе пеналите и се пласира во осминафиналето. 
 
Идентична беше и ситуацијата на Македонија Ѓорче Петров која играше со победа, мрежите мируваа во регуларниот тек, а Ѓорчепетровци беа подобри пеналџии.
 
Пенали се шутираа и во Македонска Каменица каде Саса го совлада Борец и направи изненадување. Во регуларниот мечот заврши 2-2.
 
Беласица славеше убедливо со 5-1 кај Росоман, Ренова со 4-0 го совлада Охрид, Силекс со 3-0 беше подобар од Тетекс, Шкупи со 2-1 ја победи Слога Виница. Гостивар со 5-0 го совлада Тиквеш, Пелистер со 4-0 беше подобар од Љуботен, Кожув Гевгелија со 2-1 триумфираше над Велешта.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Работнички

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе