Работнички незадоволен од резултатите во првиот дел од сезоната го раскина договорот со Ратко Достаниќ.
„Дојде до разделба со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во меѓусебен разговор оценивме дека во моментот најдобро е да има спогодбен раскин на договорот со тренерот Достаниќ. ФК Работнички му се заблагодарува за професионалниот пристап и напорната работа и му посакува се најдобро во натамошната кариера. Во наредните неколку дена ќе се посветиме на изнаоѓање најдобро решение за тренерската позиција во клубот“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.
Работнички есенскиот дел од сезоната го заврши на седмата позиција со 24 бодови, пет победи, четири порази и дури девет нерешени.