ПМФЛ

Работнички го победи Шкупи, Вардар освои бод против Струга ТЛ

Работнички со 2-0 го победи Шкупи, Вардар успеа да дојде до бод против Струга Трим Лум играјќи 1-1, Шкендија одигра без голови против Ренова. 

Фото: ФК Работнички
Шкупи донесе многу странски засилувања, но работите не се одвиваат како што планираа, денеска на терените на ФФМ, загубија од Работнички со 2-0.
 
Натпреварот беше решен уште на самиот почеток. Стојковски погоди во првата минута, а Прелчец во деветата ги постави конечните 2-0.
 
Вардар дојде до бод против солидниот тим на Струга Трим Лум. Гостите поведоа од пенал со гол на Ристевски во 21. минута, на 15 минути до крајот Петковски постигина гол за 1-1.
 
Шкендија беше голем фаворит против Ренова, но мрежите мируваа во Тетово, натпреварот заврши 0-0.
 
Немаше голови ниту на струмичкото дерби меѓу Беласица и Академија Пандев.
 
Пелистер со победа над Борец од 1-0 ја потврди добрата форма, стрелец на голот беше Пејаковиќ.
 
Вчера Македонија ЃП со 1-0 го совлада Силекс.
 
Табела по 22. коло:
 
1. Шкендија 47
2. Шкупи 40
3. Македонија ЃП 38
4. Струга ТЛ 33
5. Работнички 32
6. Борец 29
7. Пелистер 28
8. Вардар 27
9. Силекс 23
10. Ренова 23
11. Академија Пандев 22
12. Беласица 13
 
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Работнички

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе