ПМФЛ

Работнички го победи Шкупи, први бодови во новата сезона

Работнички во второто коло дојде до првата победа во новата сезона од Првата македонска лига откако со 2-0 го совлада Шкупи.

Денешниот триумф беше и мала одмазда за поразот во минатата сезона по кој Работнички остана без место во Европа.
 
Херој на денешниот меч беше Иван Марковиќ кој го постигна првиот гол, а имаше асистенција за вториот кој беше дело на Тодоровски.
 
Утре од 17 часот се играат останатите четири натпревари од Првата македонска лига, Борец - Вардар, Македонија ЃП - Академија Пандев, Ренова - Струка Трим и Лум и Силекс - Шкендија.
 
Фото: ФК Работнички

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе