ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ТРАНСФЕРОТ НА ЕЛМАС

Работнички добил 180.000 евра од Фенербахче, Елмас 1,2 милиони евра

Информациите од Турција велат дека за Елиф Елмас се интересирале дури 25 клуба, меѓу нив и Арсенал, Манчестер Сити, Лацио... 

Иако се уште нема официјален настап за Фенербахче, Елиф Елмас многу често е главен во турските медиуми, овој пат се пишува за деталите од трансферот.
 
Работнички од заминувањето на Елмас заработил 180.000 евра, а македонскиот репрезентативец стави потпис на пет годишен договор со кој ќе заработи 1,2 милиони евра.
 
За Елмас биле заинтересирани дури 25 клубови меѓу кои Арсенал, Манчестер Сити, Лацио, Ајакс, ПСВ, Херенвен, Бруж, Генк...
 
Елмас за Фенербахче ќе почне да настапува од 2018 година, во летниот преоден рок не можеше да биде регистриран бидејќи се уште нема 18 години.
 
Синоќа излезе информација дека еден од најголемите агенти во светот, Жорж Мендеш кој ги застапува Роналдо и Мурињо, се интересира и за Елиф Елмас.
 
Македонскиот репрезентативец важи за огромен талент пред кој е ѕвездена фудбалска иднина.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе