Квалификации за СП 2022

Пуштени во продажба билетите за мечевите против Ерменија и Романија

Од денеска во продажба се пуштени билетите за квалификациските натпревар за СП на Македонија против Ерменија и Романија. 

Македонија на 2. септември од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Ерменија, а на 8. септември играме дома против Романија.
 
Од денеса преку продаджната мрежа на „МКТикетс“ се пуштени во продажба билетите за овие натпревари, нивните цени се по 300 денари.
 
Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:
 
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест
 
– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
 
Ова не се однесува на лица под 18 годишна возраст.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе