четврток, 28 март 2024

Во Кондово ќе се отвора приватна исламска гимназија

Последната одлука на Владата донесена на 26 март, со која се дава одобрение за основање на приватно средно училиште Медресеја Иса Беу  во село Кондово, Скопје, акредитирано и со редовен статус на гимназија, било во фокусот на разговорите на денешната средба на премиерот Талат Џафери со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница Шаќир Фетаи, соопшти владината прес – служба.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа одлука, претставува решение за долгогодишниот проблем со кој се соочуваа учениците од Медресата Иса Бег во Скопје, кои откако ќе завршеа средно образование во исламската гимназија, не можеа да се запишат на универзитетски студии на факултетите во земјата, што за нив претставуваше голем хендикеп и дискриминација. Воедно, ова е прашање за кое премиерот Џафери изрази интерес и за време на неговиот мандат на претседател на законодавниот дом, кога се обврза да оформи работна група која ќе изготви законско решение со кое ќе се регулира статусот на верските училишта кои се исклучително важни за постигнување на повисока меѓу-религиска толеранција и превенција од какво било застранување од изворното учење“, се наведува во соопштението од Владата.

Ефенди Фетаи, изразил благодарност за средбата и признание за упорноста и посветеноста на Џафери во наоѓање на модус, со кој ќе се оствари оваа цел и конечно и учениците што ја следат наставата во Медресато Иса Бег, ќе можат рамноправно да се вклучат во високообразовниот систем.

„Наставата во приватното  средно  училиште  Медресеја Иса Бег ќе  се  изведува на македонски, на албански и на турски јазик. Ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование согласно наставните планови и програми одобрени од Министерството за образование и наука и согласно Законот за средното образование“, се додава во владиното соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ