Во недела ќе излезат на мегдан со Баерн Минхен

ПСЖ во финалето ќе игра и против традицијата, треба да направи нешто што не му успеало на ниту еден француски клуб

Традицијата ќе биде на страната на Баерн Минхен против ПСЖ во финалето од Лигата на шампиони, во досегашните три пресметки на клубови од Германија и Франција во Европа, секогаш победувале оние од Германија.

Баерн Минхен и ПСЖ во недела ќе се борат за трофејот од најелитното европско натпреварување. Од она што до овој момент го прикажаа, „баварците“ се фаворити, но не треба да се потценува тим кој во своите редови има напаѓачи како Нејмар и Мбапе.

„Светците“ немаат многу искуство од вакви големи натпревари, за нив ова е прво финале, а против себе ќе ја имаат и традицијата.

Екипи од Германија и Франција три пати се сретнале во финале во Европа, и во сите три наврати, како победник испаѓале Германците. Во два случаи тоа бил токму Баерн Минхен.

Дали доминацијата ќе продолжи, или во четвртиот обид Французите конечно ќе слават, останува да видиме.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе