ПСЖ

ПСЖ верува дека Мбапе ќе потпише нов договор, Реал е уверен дека тој ќе игра за нив следната сезона

„ЕСПН“ тврди дека од извор дознава дека кај Мбапе се појавува расположение да потпише нов краткорочен договор со ПСЖ, но во Реал Мадрид веруваат дека тој ќе биде нивни фудбалер од следната сезона. 

Според „ЕСПН“ последните разговори меѓу ПСЖ и претставниците на Мбапе поминале позитивно и францускиот клуб верува дека ќе успее да го убеди напаѓачот да стави потпис на договор.
 
ПСЖ сега му нуди краткорочен договор, на една или две години. Понуда која би била поприфатлива за Мбапе откако тој ќе знае дека за кратко време повторно ќе биде слободен играч и ќе може да замине каде сака.
 
Покрај краткорочниот договор што му го нуди, ПСЖ за да го убеди Мбапе да потпише, планира да го донесе Зидан за тренер и да го засили тимот со Пол Погба и Френк Кеси.
 
Но, Реал Мадрид се уште е уверен дека Мбапе нема да потпише договор со ПСЖ и по крајот на сезоната ќе се префрли кај нив.
 
Како и да е, наскоро не се очекува одлука од Мбапе, тој ќе почека најмалку до завршувањето на осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, а можеби и до крајот на сезоната.
 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе