„Каталонците“ се под притисок

ПСЖ со ултиматум до Барса: Нова понуда до полноќ или Нејмар се сели во Реал Мадрид

ПСЖ става дополнителен притисок врз Барселона, „светците" бараат да биде испретена нова понуда до крајот на денот или во спротивно ќе почнат преговори со Реал за трансфер на Нејмар во Мадрид.

„Каталонците“ ќе треба да побрзаат доколку не сакаат Нејмар да заврши во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид.

Според информациите кои ги пренесе РАЦ1, ПСЖ поставил ултиматум и побарал Барселона до полноќ да достави нова и подобра понуда за услугите на Бразилецот.

Доколку од Камп Ноу не покажат сериозност, „светците“ ќе почнат преговори со Реал за трансфер на Нејмар во Мадрид.

Се говори дека како дел од новиот предлог, Барселона може да го понуди Осман Дембеле, играч по мерак на ПСЖ.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе