Кежман посредува голема зделка

ПСЖ со балкански шмек, „светците“ нудат 80 милиони евра за двајца фудбалери на Лацио

Медиумите од Франција пишуваат дека ПСЖ е подготвен да потроши 80 милиони евра за во пакет да ги купи Сергеј Милинковиќ Савиќ и Адем Марушиќ од Лацио.

Популарниот СМС од поодамна е на радот на ПСЖ, и се најавува дека „светците“  и ова лето ќе се обидат да стигнат до потписот на фудбалерот од средниот ред. Но последните информации велат дека Сергеј Милинковиќ Савиќ не е единствениот играч од Лацио во списокот на Леонардо.

Шампионот на Франција сака во пакет да го купат и Адам Муришиќ, и подготвен е да плати 80 милиони евра за Србинот и Црногорецот.

Агент на двајцата е поранешниот фудбалер Матеја Кежман, па и тој добро ќе се офајди од една ваква зделка.

Во меѓувреме, спортскиот директор на Лацио, Игли Таре изјави дека веќе пикирал наследник на Сергеј Милинковиќ Савиќ, но одби да каже за кого станува збор: „Имам играч на ум, но нема да ви го откријам името. Попрво ќе се убијам!“

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе