Вкупно шест фудбалери заразени со ковид-19

ПСЖ пријави нови три случаи на коронавирус, сите се од одморот на Ибица

„Светците" пријавија нови три случаи на коронавирус, вкупно шест, сите биле на одмор на Ибица по поразот од Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампиони.

По крајот на авантурата во Лисабон, ПСЖ им даде неколку слободни дена на фудбалерите и голем дел од нив заминаа на Ибица. Но одморот на Белеарските острови се претвори во фиjаско откако дури шест фудбалери се заразија со ковид 19.

По Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Нејмар, „светците“ вечерва објавија три нови случаи. Медиумите пишуваат дека се работи за Мауро Икарди, Кејлор Навас и капитенот Маркињос.

Од оние кои беа на Ибица, само Андер Ерера и Марко Верати не се позитивни на коронавирус.

ПСЖ на 10. септември треба да игра против Ленс, во моментов нема најави дека мечот ќе се одложи, но големи се шансите да се побара нов термин.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе