„Ѓаволите“ не притиснале доволно

ПСЖ поставил два услови за Покетино да се пресели во Манчестер јунајтед

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ поставил два услови за Маурисио Покетино да се пресели во Манчестер јунајтед но „ѓаволите" не притиснале доволно па Аргентинецот остана во Париз.

По отказот на Оле Гунар Солшер, медиумите почнаа со шпекулации за тоа кој ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед. Маурисио Покетино беше посочен како главен фаворит, имаше многу гласини, но Аргентинецот остана во Париз а „ѓаволите“ го именуваа Ралф Рангник за привремено решение до крајот на сезоната.

Според пишувањата на Телефут, ПСЖ поставил два услови за Марусио Покетино да се пресели на Олд Трафорд.

Како прво, „светците“ барале да бидат платени помеѓу 15 и 20 милиони евра за да го ослободат стратегот од обврските, а како второ, да донесат соодветна заемна. На ум го имале Зинедин Зидан, но не стапиле во контакт со Французинот бидејќи Манчестер јунајтед не отворил формална комуникација и не притиснал доволно за ангажман на Аргентинецот.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе