„Светците“ ептен ја утнаа на социјалните мрежи

ПСЖ половина година го „бркаше“ Сенегалецот Геј и кога го купи го најави како дефанзивец од Холандија (ФОТО)

Администраторот на Твитер профилот на ПСЖ изгледа нема поим кој е последното засилување за Томас Тухел, Идриса Гана Геј го најави како дефанзивец од Холандија а се работи за фудбалер од средниот ред од Сенегал.

ПСЖ го „бркаше“ Сенегалецот од јануари месец, Евертон одби да го продаде фудбалерот од средниот ред во зимскиот преоден рок, но сега даде зелено светло па Идриса Гана Геј денеска се пресели во Париз во зделка вредна околу 32 милиони евра.

За играч кој е желба на Томас Тухел повеќе од половина година, администратот на Твитер профилот на ПСЖ изгледа како да нема поим за какво засилување станува збор.

Во постот на Твитер со кој беше соопштен трансферот, Идриса Гана Геј беше преставен како дефанзивец од Холандија. Грешката за кратко време беше поправена, но ваквиот кикс не беше пропуштен од будното око на фудбалските сеирџии.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе