Бразилецот „умирал“ да се врати на Камп Ноу

ПСЖ „под рака“ му дал 20 милиони евра на Нејмар за да не оди во Барселона?!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Жоан Лапорта пред неколку месеци испратил емисари во Париз да разговараат со Нејмар а кога шеик од ПСЖ разбрал за ова, му усплатил 20 милиони евра на Бразилецот да го одврати од намерата.

Жоан Лапорта имал големи планови кога седнал во претседателската фотелја на Барселона, сакал да го врати Нејмар на Камп Ноу. Како што објави РАЦ1, биле испратени двајца емисари во Париз да го убедат Бразилецот.

Наводно Нејмар им признал дека „умира да се врати во Барселона“ и да игра повторно со Лео Меси.

Но кога еден од шеиците од ПСЖ дознал за ова, веднаш реагирал и префрлил 20 милиони евра на сметка на таткото на Нејмар. Парите биле дадени „под рака“ бидејќи исплатата не била од сметките на ПСЖ.

Нејмар потоа стави потпис на нов договор со „светците“ а на крајот и му се исполни желбата одново да игра покрај Лео Меси, Аргентинецот се пресели во Париз како слободен играч.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе