НАЈГОЛЕМИОТ ТРАНСФЕР ВО ИСТОРИЈАТА

ПСЖ плаќа 222 милиони евра за Нејмар, чека само зелено светло од Бразилецот

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „Светците" се подготвени да ја активираат откупната клаузула на Нејмар доколку напаѓачот каже ДА за трансфер во Париз

ПСЖ е подготвен да го реализира најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Денеска каталонскиот весник Спорт ја актуелизираше темата за заминување на Нејмар од Камп Ноу, и „Светците“ ја резгледуваат можноста да ја активираат откупната клаузула на Бразилецот.

Доколку Нејмар даде зелено светло, ПСЖ ќе плати рекордни 222 милиони евра.

Клубот од Паркот на Принцовите исто така подготвува и богат договор за играчот, односно плата од 30 милиони евра плус бонуси, со што Нејмар ќе стане еден од најплатените играчи во светот на фудбалот.

На потег сега е Бразилецот, доколку ги каже магичните зборови, ПСЖ ќе испише нова страна во фудбалската историја.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе