ПСЖ

ПСЖ одби понуда од 200 милиони евра за Мбапе, а сега се жали дека Реал ќе им го земе беспари

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се жали дека Реал Мадрид долго време се обидува да го договори Килијан Мбапе како слободен играч иако тие одбија огромни понуди од кралскиот клуб ова лето. 

ПСЖ летово одби три понуди од Реал Мадрид за Мбапе, од 160, 180 и 200 милиони евра. Тоа се огромни понуди за фудбалер на кој договорот му истекува по крајот на сезоната. Но францускиот клуб одби.
 
Реал Мадрид веќе во јануари ќе може официјално да преговара со Мбапе, да потпише претдоговор и тој следното лето да отиде таму како слободен играч. Нешто што е многу извесно дека ќе се случи.
 
„Од Мадрид демантираат, но мислам дека Реал Мадрид веќе долго време се обидува да го ангажира Мбапе како слободен играч. Тие веќе две години јавно зборуваат за Мбапе. Ова мора да биде казнето“, вели Леонардо.
 
„Не гледам никаква почит од Реал Мадрид за договорот на Реал Мадрид. Тој не е обичен фудбалер, тој е еден од најдобрите во светот. Тренерот, бордот, фудбалерите на Реал Мадрид зборуваат за Мбапе... мислам дека тоа е дел од планот“.
 
„Нашиот план е да го продолжиме договорот на Килијан Мбапе. Ништо не се променило во нашите планови. Никогаш не сме ја планирале иднината на ПСЖ без Мбапе“.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе