Нова „војна“ помеѓу Барселона и Париз на трансфер пазарот

ПСЖ не се откажува од Ракитиќ но Барса со порака: 125 милиони евра или заборавете на играчот

„Светците" до 31. август ќе прават напори да го ангажираат Иван Ракитиќ но за да стигнат до потписот на Хрватот ќе треба да ја активираат неговата откупна клаузула вредна 125 милиони евра.

Името на Иван Ракитиќ ова лето во неколку наврати се поврзуваше со ПСЖ, а денеска одново се појавија гласини дека шампионот на Франција не го заборава играчит и до крајот на преодниот рок ќе прави напори да го донесе фудбалерот од средниот ред во своите редови.

Но Барселона не помислува да се раздели со Хрватот и „Каталонците“ ги известиле „Светците“ дека можат да дојдат до потписот на играчот само доколу ја активираат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 125 милиони евра.

ПСЖ е под лупа на УЕФА, европската куќа на фудбалот детално ги прегледува сметките на клубот од Париз, кој не може да си дозволи еден ваков трансфер и најпрво ќе треба да продаде неколку играчи за да прибере средства.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе