Младиот Французин не мрда од Париз

ПСЖ не се исплаши од изјавата на Мбапе и порача: Продолжуваме заедно и следната сезона!

Килијан Мбапе синоќа под знак прашалник ја стави својата иднина во Париз, но од ПСЖ вечерва порачаа дека играчот останува и заедно ќе се обидат да испишат нова историја.

Младиот напаѓач синоќа беше прогласен за Фудбалер на годината и Најдобар млад играч во Лиг 1, и кога излезе на бина да ги собере наградите, најави можно заминување од Париз.

Тој истакна дека сака поголема одговорност и доколку ПСЖ не му го овозможи ова, ќе си побара нов проект. 

Сепак, „светците“ вечерва испратија свое соопштение и порачаа дека Килијан Мбапе останува. 

„Силни врски ги обединуваат ПСЖ и Килијан Мбапе веќе две години и оваа приказна ќе продолжи и следната сезона. Ги делиме амбициите да испишеме историја во европскиот фудбал следната сезона кога ПСЖ слави 50 години постоење. Секој индивидуалец мора да игра голема улога во колективот“ - гласеше известувањето на шампионот на Франција.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе