Веќе се водат разговори

ПСЖ не го пушта Покетино во Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ имаат пет кандидати

Медиумите од Англија пренесуваат дека ПСЖ не сака да го пушти Маурисио Покетино во Манчестер јунајтед, „ѓаволите" имаат пет кандидати за тренер до крајот на сезоната.

По отказот на Оле Гунар Солшер, Маурисио Покетино беше поставен како фаворит за столчето на Олд Трафорд. Сепак, неколку извори попладнево пренесоа дека ПСЖ не сака да се раздели со Аргентинецот сред сезона и ја блокира неговата преселба на „островото“.

Па „ѓаволите“ полека се помируваат дека ќе треба да именуваат привремено решение и потоа да имаат нов обид за ангажман на Маурисио Покетино.

Се говори дека Манчестер јунајтед има пет кандидати за тренер до крајот на сезоната и веќе се водат разговори.

Се работи за Ернесто Валверде, Ерик Гарсија, Лусиан Фавр, Ралф Рангник и Пауло Фонсека.

МЕН пишува дека „ѓаволите“ преферираат тоа да биде Ралф Рангник, но според ЕСПН, Германецот не е заинтересиран. И новинарот на Билд, Тоби Алчeфл пренесе дека Ралф Рангник не планира да се пресели на Олд Трафорд поради влијанието на семејството Глејзер, како и поради тоа што не е прв избор.

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе