Баерн нема намера да го купи Бразилецот

ПСЖ, Ливерпул или некој трет клуб, каде летоска ќе се пресели Филипе Кутињо?

Името на Филипе Кутињо повторно е дел од трансфер шпекулациите, Баерн Минхен нема намера во целост да го купи Бразилецот па плејмејкерот се поврзува со неколку клубови.

Во јануари 2018, Филипе Кутињо направи богат трансфер на Камп Ноу вреден 120 милиони евра плус додатни 40 милиони евра во бонуси. Сепак, Бразилецот не се снајде во Барселона, па минатото лето по многу шпекулации за преселба во ПСЖ како дел од трансферот на Нејмар, плејмејкерот заврши на позајмица во Баерн Минхен.

„Баварците“ имаат опција во целост да го купат играчот за 120 милиони евра, но шампионот на Германија нема да ја активира клаузулата. Се говори дека „каталонците“ се помириле дека никој нема да ја плати оваа сума, па се подготвени да се разделат со Филипе Кутињо за 80-90 милиони евра.

Со Баерн Минхен надвор од конкуренција, медиумите шпекулираат дека главни фаворити се ПСЖ и Ливерпул. Иднината на Нејмар останува знак прашалник, „светците“ би можеле да останат без напаѓачот, па Кутињо се споменува како замена за својот сонародник во Париз. Што се однесува до „црвените“, Јирген Клоп го сака Каи Хаверц од Баер Леверкузен, а доколку не успее во намерата, Бразилецот е планот Б на Германецот.

Филипе Кутињо исто така има уште неколку опции во Премиерлигата, неговата ситуација внимателно ја следат и Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе