Додека Каталонците чекаат...

ПСЖ ќе го расипе договорот меѓу Барселона и Пјаниќ?

Барселона беше пред договор за трансфер на Миралем Пјаниќ од Јувентус, но работите може да се променат откако конкретен интерес пројави и ПСЖ. 

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
Каталонските медиуми се уверени дека Пјаниќ ќе заврши на Камп Ноу. Се пишуваше дека тој веќе има договор со Барселона, но проблем за реализација на трансферот беше Артуро кој требаше да отиде во Јувентус но не сакаше да го напушти Камп Ноу.
 
Додека Барселона и Јувентус бараат решение како да се реализира трансферот на Пјаниќ, „Ле Паризиен“ тврди дека босанскиот фудбалер добил повик од ПСЖ.
 
Во видео повик, директорите на ПСЖ му презентирале конкретна понуда на Пјаниќ која била прилично уверлива.
 
Ако ја прифати понудата од ПСЖ, тоа ќе биде враќање на Пјаниќ во Франција. Тој настапуваше и за младинските категории на Мец, па дебитираше за сениорскиот тим на овој клуб од каде се пресели во Лион. Следни дестинации за него беа Рома и сега Јувентус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе