Со огромна плата ќе го убедува напаѓачот да не оди во Реал

ПСЖ ќе го направи Мбапе најплатен фудбалер во светот?!

ПСЖ не се откажува од намерата да го задржи Килијан Мбапе, последните информации велат дека „светците" на напаѓачот му понудиле плата од 32 милиони евра по сезона.

Килијан Мбапе ги одработува последните 12 месеци од договорот со ПСЖ, често се пишува дека нема намера да ја продолжи верноста и само прашање на време е кога ќе замине од Париз.

Реал се посочува како неговата следна дестинација, но „светците“ нема лесно да се откажат и со нова тактика ќе го убедуваат Французинот да не оди во Реал.

Новинарот Николо Шира вели дека првиот човек на клубот, Ал Келаифи и спортскиот директор, Леонардо на маса ставиле плата од 32 милиони евра по сезона и договор до 2026 година.

Со ваква бројка, Килијан Мбапе ќе биде најплатен фудбалер во светот. Тронот до пред неколку недели му припаѓаше на Лео Меси, кој добиваше 50+ милиони евра од Барселона. Аргентинецот сега прифати двојно помали примања за да продолжи на Камп Ноу.

Кристијано Роналдо во моментов е на врвот со 31 милион евра по сезона, додека на второто место е Нејмар, кој прифати помала плата кога го продолжи договорот со ПСЖ во мај месец, и во иднина ќе инкасира 30 милиони евра по сезона.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе