Судот за спортска арбитража донесе длука

ПСЖ ја победи УЕФА, нема да биде казнет, иако потроши премногу

Судот за спортска арбитража во Лозана донесе одлука во корист на ПСЖ, УЕФА нема право да отвара нова постапка против францускиот шампион, случајот е затворен.

ПСЖ нема да добие казна од УЕФА без разлика што европската куќа на фудбалот пред неколку дена отвори нова истрага против богатиот клуб со која требаше да ги истражи трансферите на Килијан Мбапе и Нејмар.
 
УЕФА се обиде да го казни ПСЖ во 2017 година поради трансферите на Нејмар и Мбапе, но тогаш тужбата беше отфрлена.
 
Судот за спортска арбитража на УЕФА и соопшти дека поради тоа што не го испочитувале рокот за жалба по првата одлука сега немаат право да отвараат нов случај за истиот предмет.
 
Одлуката е конечна, ПСЖ нема да биде казнет, УЕФА го прифати судот и најави можна промена на правилата за финансиски фер плеј со цел да се избегнат малверзации што ги прават дел од клубовите.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе