Заврши истрагата која траеше со месеци

ПСЖ избегна казна од УЕФА, но мора да продаде играчи

Европската куќа на фудбалот не го казни ПСЖ, но „Светците" мора да продадат играчи и да приберат околу 60 милиони евра до крајот на месецот за да избегнат санкција во иднина

Шампионот на Франција може да дише слободно барем за сега, УЕФА реши да не изрече никаква казна откако детално ги испита финансиите на ПСЖ.

Алармите беа вклучени откако „Светците“ минатото лето го купија Нејмар за 222 милиони евра, а го донесоа и Килијан Мбапе за 180 милиони евра (145 милиони евра плус 35 милиони евра во бонуси иако официјално зделката се води како позајмица).

Па УЕФА започна истрага која траеше со месеци, а денеска беше соопштено дека нема да има никакви казни за клубот од Париз во овој момент. Европската куќа на фудбалот иако утврдила да договорите на ПСЖ со спонзорите од Катар се преценети, но и покрај тоа тие не ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј за годините 2015, 2016 и 2017.

Сепак трансферите на Нејмар и Мбапе треба да бидат вметнати во извештајот за 2018, па затоа УЕФА ќе продолжи со будно око да следи што се случува на Паркот на Принцовите. Медиумите шпекулираат дека ПСЌ сега ќе треба да продаде играчи во вредност од околу 60 милиони евра до крајот на месецот за да ја заврши сезоната на позитивна нула и на тој начин да избегне санкција во иднина.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе