Лига на шампиони

ПСЖ има предност, но Баерн Минхен е моќен и не оди во Париз со бело знаме

Вечерва се игра реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, францускиот тим има предност од 3-2. 

Баерн Минхен иако загуби на свој терен, сепак создаде многу шанси, играта беше на задоволително ниво, но не и реализацијата. Доколку се подобри завршницата на акциите, нивните шанси за победа во Париз не се мали.
 
„Знаеме дека треба да постигнеме најмалку два гола. Тоа ќе биде тешка задача, но ова се натпревари за кои играме фудбал. Сакаме да го вознемириме Париз и ќе бидеме среќни ако го направиме тоа. Имавме многу шанси во првиот меч, но не бевме прецизни. Се надеваме дека сега ќе биде подобро. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе“, вели тренерот Ханси Флик.
 
Еден од оние кои се задолжени за голови е Томас Милер.
 
„Ќе имаме нормален приод на мечот, важно е да го балансираме ризикот во индивидуалните ситуации. Нема да се залетаме и да нападнеме со сите сили, но ќе се обидеме да постигнеме рано гол. Би биле среќни доколку создадеме толку шанс колку што создадовме на првиот натпревар. Но треба да имаме подобра реализација. Направивме некои анализи и се надеваме дека ќе ги имплементираме“, вели Томас Милер. 
 
 
Во ПСЖ знаат со кого си имаат работа, па и покрај победата не смеат да се опуштат.
 
„Според мене, се може да се случи. Баерн Минхен е најдобриот тим во светот во моментов. Имам огромна почит за нив. Но во исто време ние имаме самовоерба и знаеме дека мора да мислиме само на победа на овој натпревар“, вели Покетино.
 
Преснел Кимпембе ќе биде капитен на овој натпревар.
 
„Ми се допаѓа таа одговорност, да ја носам лентата. Тоа ја покажува вербата на тренерот и на клубот. Ќе дадаам се од себе. Многу сум горд и тоа е голема чест“, вели Кимпембе.
 
„Голема работа ќе биде ако го елиминираме Баерн Минхен, тие се најдобриот тим во Европа во моментов. Имаме голема почит за нив, би било одлично да се пласираме во полуфиналето“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе