Италијанскиот клуб попушти

ПСЖ и Интер си подадоа рака, Икарди останува во Париз

ПСЖ ќе го откупи Мауро Икарди откако постигнаа договор со Интер за висината на отштата која ќе изнесува 57 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија“, ПСЖ и Интер си подале рака за трансфер на Икарди, тој ќе остане во Париз каде што оваа сезона игра како позајмен фудбалер.

ПСЖ ќе плати 50 милиони евра плус 7 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

Во првичниот официјален договор меѓу двете екипи ПСЖ имаше опција да го купи Икради за 70 милиони евра, но поради коронавирусот Интер реши да попушти и да прифати и помала сума.

Се очекува наскоро, можеби уште во текот на денешниот ден трансфер да стане и официјален.

Икради оваа сезона има постигнато 20 голови на 31 натпревар.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе