Катарците нема да штедат за да го ангажираат Зизу

ПСЖ го примамува Зидан со богата плата и колку сака пари за засилувања?!

ПСЖ сака да го ангажира Зинедин Зидан, стратегот доколку се пресели во Приз ќе стане најплатениот тренер и ќе добие колку сака пари за засилувања и почеток на нов проект.

Често се пишува дека се одбројани деновите на Томас Тухел на Паркот на Принцовите и се шпекулира дека ПСЖ бара нов тренер.

Макс Алегри, Маурисио Покетино и Тиаго Мота се имињата кои најчесто кружат низ медиумите, а според новинарот Едуардо Инда, прва желба на ПСЖ е Зинедин Зидан.

Тој открива дека „светците“ подолго време се во контакт со Французинот и го убедуваат да замине од Реал Мадрид.

За да прифати нов проект во Париз, му е ветен бланко чек, односно колку сака пари за засилувања. Зизу ќе стане и најплатениот тренер во светот со примања поголеми од оние на Диего Симеоне (22 милиони евра годишно).

ПСЖ исто така се надева дека со ангажман на Зинедин Зидан ќе има повеќе адути во преговорите со Килијан Мбапе и ќе ја убеди својата млада ѕвезда да остане.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе