Лига на шампиони

ПСЖ го доби дербито со Јувентус, моќен старт на Манчестер Сити (ВИДЕО)

ПСЖ со два гола на Мбапе го победи Јувентус со 2-1 во дербито на денот од Лигата на шампионите, Манчестер Сити со 4-0 славеше на гостувањето кај Севиља. 

ПСЖ имаше фуриозен старт на мечот, по 22 минути игра веќе водеше со 2-0. Мбапе погоди во 5. и 22. минута.
 
Но како одминуваше времето Јувентус ја стабилизираше играта, а по седум минути во второто полувреме даде гол преку Мекени и намали на 2-1.
 
До крајот на мечот ПСЖ имаше повеќе шанси за поубедлива победа, но и Јувентус лесно можеше да дојде до изедначување.
 
Манчестер Сити покажа мускули на почетокот од сезоната во ЛШ, тимот на Пеп Гвардиола ја оствари најубедливата победа вечерва откако ја совлада Севиља со 4-0 во Андалузија.
 
Халанд даде два гола, по еднаш погодија Фоден и Диаш.
 
Убедливо почна и Реал Мадрид, со победа од 3-0 на гостувањето кај Селтик, сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме.
 
Винисиус во 56. минута ја отвори серијата погодоци, четири минути подоцна Модриќ погоди, а конечните 3-0 ги постави Еден Азар на 13 минути до крајот.
 
Милан одигра 1-1 на гостувањето кај Салцбург. Домаќините имаа водство со гол на Окафор во 28. минута, израмни Салемакерс на пет минути пред крајот на првото полувреме.
 
Шахтар со убедливи 4-1 победи на гостувањето кај Лајпциг, а Бенфика со 2-0 ја совлада екипата на Макаби Хаифа.
 
Претходно Динамо Загреб со 1-0 го победи Челси, а Борусија Дортмунд со 3-0 славеше над Копенхаген.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе