Преговорите сепак ќе продолжат и во следните денови

ПСЖ брзо ја олади Барселона, одбиена понудата за позајмица на Нејмар

На „светците" не им требаше многу да одговорат негативно на последниот предлогот на Барселона за позајмица на Нејмар, ПСЖ и понатаму инсистира да биде платена голема сума на пари ова лето.

Лидерите на Барселона во понеделникот имаа средба на Камп Ноу за да склопат финален предлог за ангажман на Нејмар. „Каталонците“ решија на ПСЖ да му понудат да го земат Бразилецот на позајмица и во 2020 да можат да го купат за 150-160 милиони евра.

Кога на маса беше името на Филипе Кутињо, ПСЖ инситираше и на сума од 100 милиони евра, со цел да може да донесе соодтвено засилување и токму ова беше камен на сопнување и причина за „светците“ да одбијат да се разделат со својата ѕвезда.

Па сосема очекувано, од Париз пристигна негативен одговор и за последниот предлог, неколку извори доцна вечерва пренесуваат дека ПСЖ ја одбил понудата на Барселона за позајмица.

„Светците“ наводно се отворени да продолжат да преговараат, но инсистираат да добијат поголема сума на пари уште сега и Барселона да се обврзе дека ќе го купи во целост играчот следното лето.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе