Тренерот носи фудбалер од доверба

Првото засилување на Тен Хаг во Манчестер јунајтед ќе биде вредно 60 милиони евра?!

Според пишувањата на Сан, Ерик тен Хаг како прво засилување во Манчестер јунајтед ќе го донесе Антони од Ајакс, за офанзивниот фудбалер ќе бидат платени 60 милиони евра.

Иако се уште не е официјално потврдено дека Ерик тен Хаг ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед, медиумите шпекулираат со имињата на играчите кои стратегот ќе ги донесе на Олд Трафорд.

Според пишувањата на Сан, прво засилување ќе биде Антони од Ајакс. Бразилецот прикажува одлични партии и тренерот сака да го понесе офанзивниот фудбалер со себе во Манчестер јунајтед.

Весникот пишува дека зделката ќе биде вредна околу 60 милиони евра и не се очекуваат проблеми во преговорите, двата клуба имаат добри односи.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе