Историски успех на францускиот клуб

Прво финале за ПСЖ во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

ПСЖ убедливо со 3-0 го победи Лајпциг и за прв пат во историјата ќе игра во финале од Лигата на шампионите. 

Момците на Тухел ја оправдаа улогата на фаворит и дојдоа до победа над Лајпциг, можеби и полесно од очекувањата.
 
Резултатот беше отворен уште во 13. минута кога по нафрлување од Ди Марија, Маркињос постигна убав гол со глава за водство на ПСЖ од 1-0.
 
На три минути до крајот на првиот дел Ди Марија се запиша во листата на стрелците, погоди по асистенција од Нејмар за предност и од 2-0.
 
Ди Марија кој беше играч на мечот учествуваше и во третиот гол, во 56. минута тој му асистираше на Бернат за конечни 3-0.
 
Во неделното финале ПСЖ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Баерн Минхен и Лион.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе