Лига на шампиони

Прво финале во Лигата на шампионите за Манчестер Сити, ПСЖ испадна (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 2-0 го победи ПСЖ и со вкупни 4-1 се пласираше во финалето од Лигата на шампионите каде ќе се бори за првата историска титула во ова натпреварување. 

ПСЖ со негатива од 2-1 го почна мечот во Манчестер, во претходните дуели на гостувањата беа подобри, па се надеваа дека и овојпат може да биде така, но не беше.
 
Манчестер Сити одигра одлична тимска партија, момците на Пеп Гвардиола беа исклучително мотивирани и дојдоа до нова победа.
 
Махрез во 11. минута го отвори натпреварот, а во 63. минута ги постави конечните 2-0.
 
Фудбалерите на ПСЖ изгледаа немоќно и себично, а нивната фрустрација беше особено видлива по вториот примен гол. Почнаа да играат грубо, а при еден таков старт Ди Марија заработи директен црвен картон.
 
На крајот Манчестер Сити заслужено се најде во финалето каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Челси и Реал Мадрид.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе