Милан

Првиот човек на МЛС тврди: Ибрахимовиќ оди во Милан!

Претседателот на МЛС, Дон Грабер тврди дека Златан Ибрахимовиќ се договорил со Милан. 

Ибрахиовиќ заврши со настапи во МЛС лигата, се шпекулираше дека тој ќе се врати во Европа, а според првиот човек на лигата во САД, работата е завршена, Милан е неговиот нов клуб.
 
„Златан е интересен карактер, потребни ви се вакви фудбалери, каков што беше и Бекам пред неколку години. Тој има 38 години и сега ќе оди во Милан, еден од најважните клубови во светот. За две години тој ги сруши речиси сите рекорди со голови. Се надевав дека ќе остане, но среќен сум што го имавме тука, ги сакам моментите со него, особено кога зборува во трето лице“, изјави претседателот на МЛС, Дон Грабер.
 
Се уште нема официјална информација дека Ибрахимовиќ е нов фудбалер на Милан. Останува наскоро да дознаеме дали тврдењето на Грабер е вистинито.
 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе