Се можело да биде поинаку за младиот клуб од Мадрид

Првиот човек на Хетафе раскажа како Меси и Гвардиола останале само пуста желба: Имавме договор, но...

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес отрки дека малку фалело Лео Меси и Пеп Гвардиола да пристигнат на „Алфонсо Перез", се било договорено, но Барселона се откажала во последен момент.

Анхел Торес во разговор со Марка открива дека имал разбирање со Жоан Лапорта, добро се сложувал со поранешниот претседател на Барселона, па лесно договорил Лео Меси да пристигне во Хетафе на позајмица. Сепак, зделката не се реализирала откако тренерот Франк Рајкард ставил кочница.

„Во првата или втората година на Меси во првиот тим на Барса, практично се беше договорено за тој да дојде во Хетафе на позајмица. На крајот, Рајкард не даде зелено светло, па трансферот остана пуста желба“ – вели Анхел Торес.

Во 2008 слична била и приказната со Пеп Гвардиола.

„Бевме во Швајцарија на ждрепка за европските натпреварувања и разговарав со Чики Бегиристан (тогашниот спортски директор на Барса). Разговаравме за идејата Лаудруп да го превзеде кормилото на Барселона, а ние да го донесеме Пеп Гвардиола како замена. Во прв момент, Лапорта не беше убеден дека Пеп е правиот избор“.

Кога Барселона одбираше наследник на Франк Рајкад, Михаел Лаудруп (Данецот со Хетафе играше финале на Копа дел Реј и четвртфинале на УЕФА Куп) беше главен кандидат заедно со Пеп Гвардиола, а по долга дебата на Камп Ноу, Жоан Лапорта реши да се коцка и да го промовира Шпанецот на кормилото на првиот тим, потег кој се покажа како полн погодок.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе