Многу отворени прашања на Камп Ноу

Првиот човек на Барса проговори за новиот договор на Меси, враќање на Чави и трансфери на Лаутаро и Нејмар

Жозеп Мариа Бартомеу вели дека поради коронавирус кризата ќе имаат помалку приходи од околу 200 милиони евра, претседателот на Барселона исто така порача дека Лео Меси останува на Камп Ноу.

Првиот човек на Барса имаше интервју за ТВ3 во кое говореше за теми кои се актуелни изминатиов период.

„Поради ковид-19 останавме без приходи од 200 милиони евра, па летово ќе биде тешко, ќе бидеме лимитирани од економски аспект, но не само ние, сите го имаат истиот проблем“ – вели Жозеп Мариа Бартомеу.

„Преговорите за Лаутаро Мартинез се стопирани, последен пат имавме контакт со Интер пред неколку недели. Сега сме во фаза на анализа, ќе почекаме да заврши сезоната, потоа ќе ги одредиме приоритетите“.

„Што се однесува до Нејмар, мислам дека ПСЖ летово нема да стави ниту еден играч на продажба и Нејмар е фудбалер на ПСЖ“.

За гласините за можно заминување на Лео Меси, тој одговара: „Немам никаков сомнеж дека Меси ќе продолжи тука, сака да се пензионира во Барселона. Разговаравме за нов договор, разговараме и ќе продолжиме да разговараме па убеден сум дека ќе стави потпис на нов договор“.

Столчето на Сетиен виси во воздух откако Барселона му ја препушти трката за титулата на Реал Мадрид, се најавува негово заминување и пристигнување на легендата Чави.

„Порано или подоцна, Чави ќе биде тренер на Барселона. Се подготвува за ваков предизвик, сака да го стори тоа. Тој е човек од клубот, се работи за наша легенда а не било кој. Но во моментов не бараме нов тренер, имаме доверба во Кике“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе