„Каталонците“ се обидуваат да креираат страшен напад

Првиот човек на Барса: Преговараме за Гризман, Нејмар сака да го напушти ПСЖ но...

Жозеп Мариа Бартомеу вели дека Барселона во моментов се обидува да го ангажира Антоан Гризман, но не и Нејмар, првиот човек на шампионот на Шпанија исто така откри дека знае каде ќе заврши Матајс де Лихт.

„Каталонците“ ова лето би можеле да креираат страшна офанзива, се почесто се шпекулира дека Нејмар сака да се врати на Камп Ноу, а сериозен интерес има и за Антоан Гризман.

Жозеп Мариа Бартомеу попладнево се појави пред новинарите и говореше за трансфер активностите на Барселона, Првиот човек на клубот изјави дека вчера било разговарано со Атлетико за Антоан Гризман, но инсистира дека во моментов не се работи на трансфер на Нејмар.

„Знеме дека Нејмар сака да замине од ПСЖ, но исто така знаеме дека ПСЖ не сака да го продаде па во моментов нема ништо“ – вели Бартомеу.

Запрашан дали Барселона го сака Нејмар, тој додаде: „Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи. Не сакаме да зборуваме за играчи од други клубови. Повторувам, знаеме дека Нејмар сака да замине од ПСЖ, но исто така знаеме и дека ПСЖ не сака да се раздели со играчот“.

„Што се однесува до Гризман, вчера Оскар Грау (генералниот извршен директор на Барса) се сретна со Мигел Анхел Хил (генералниот извршен директор на Атлетико) и прашавме дали е можно да преговараме за Гризман. Првиот контакт со Гризман го напраивме дури вчера“.

Барселона пред неколку месеци се поврзуваше со антажман на Матајс де Лихт, се веруваше дека двете страни дури и си подале рака, но потоа Холанѓанецот доби неколку побогати понуди и сега е на чекор до Јувентус.

„Уште поодамна кажав дека знам каде Де Лихт ќе игра. И сега знам каде ќе игра, но не можам да кажам ништо повеќе. Ајакс и играчот треба да ги соопштат вестите“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе