Нигериецот ја затресе мрежата на Клуб Бриж

Првенец на Игало во дресот на Јунајтед и специјална посвета, голот е за неодамна починатата сестра (ФОТО И ВИДЕО)

Одион Игало вечерва го постигна деби погодокот за „ѓаволите" против Клуб Бриж во Лига Европа, првата радост на Нигериецот имаше и специјална посвета, голот беше наменет за неговата сестра која починала во декември минатата година.

Во последниот ден од преодниот рок, Манчестер јунајтед го договори трансферот на Одион Игало, кој на Олд Трафорд пристигна како позајмен до крајот на сезона и на Оле Гунар Солшер треба да му даде повеќе опции во форот, особено по повредата на Маркус Рашфорд.

Вечерва Нигериецот за прв пат беше стартер и го постигна деби погодокот во дресот на „ѓаволите“. Напаѓачот против Клуб Бриж заврши една одлична акција во режија на Фернандеш и Мата.

Првата радост во новиот клуб имаше и специјална посвете, голот беше наменет за неговата сестра која ненадејно починала во декември минатата година. При прославата, тој се сврте кон камерата и го подигна дресот за да покаже маичка на која имаше слика од неговата сестра.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе