Падна договор

Првата македонска лига во директни преноси на Арена Спорт и МТВ

ФФМ потврди дека ТВ Арена Спорт ги доби правата за натпреварите од Првата МФЛ, а ќе ги реализира во соработка со МТВ каде исто така ќе се пренесуваат избраните мечеви.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини минатата недела во Белград ги завршил разговорите со ТВ Арена Спорт и склучен е договор за пренос на натпреварите од ПМФЛ.

ТВ Арена Спорт ќе ги има правата од 1 ПМФЛ и секое коло ќе емитува по два натпревари, истите ќе се даваат и на МТВ, откупени се и правата од Купот на Македонија.

Со финансиите добиени за ТВ правата ќе се покријат трошоците кои клубовите од првата лига ги плаќаат како котизација за настап во лигата.

„По успешните преговори, задоволство е да објавиме дека постигнавме договор околу телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ. Добивме понуда и правата ги отстапуваме на Арена Спорт. Со ова праќаме широка порака. Ова е порака дека фудбалот го враќаме на телевизија низ директни преноси, свесни за важноста на нашата соработка со Арена Спорт како водечки регионален спортски канал и МТВ како Национален сервис. Од друга страна, ова е голема можност и за клубовите, не само поради тоа што сега се ослободени од плаќање котизација за настап во домашниот шампионат, туку многу повеќе, заради вниманието кое ќе го добијат и можноста за своја промоција во секоја смисла. Со емитувањето на регионален канал се зголемува и одговорноста кај нив, но и кај судиите и сите други чинители. Наша задача е да го чуваме имиџот и вредностите на нашиот фубал и да работиме да биде уште поуспешен и попопулареен. ФФМ останува сервис на клубовите за подобрување на имиџот и што е можно подобра презентација на домашната лига. Само заеднички можеме да му покажеме на регионот дека и во нашата држава има силни екипи, добри фудбалери и квалитетен фудбал“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе