четврток, 25 април 2024

Косовски политичар: Ако не се вмешаше Курти, Албанците во Македонија ќе имаа кандидат во вториот круг

Љумир Абдиџику, претседателот на партијата Демократски сојуз на Косово, по првиот круг од претседателските избори во Македонија изјави дека Аљбин Курти, премиерот на Косово, е виновен за неуспехот на Албанците. Тој смета дека ако Албанците од Македонија беа обединети, со еден кандидат на претседателските избори, сега ќе учествуваа во вториот круг.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа би бил историски резултат, но Албанците беа поделени“, напиша тој на Фејсбук, обвинувајќи го премиерот на Косово дека има улога во поделбата на Албанците.

Абдиџику смета дека Косово треба да се врати на „политиката на сеалбанско обединување“ и изјави дека косовските институции се тие што ги поделија Албанците во Македонија.

„Во оваа поделба, популистичкиот премиер на Косово и целиот негов владин апарат станаа активни актери. Од кабинетот на премиерот на Косово, републичките институции наместо да се обединат, го направија тоа што многу добро го знаат – да разделат! Водеа кампања, правеа пропаганда, сквернавеа еден кандидат, но на крајот заврши со катастрофален резултат“, смета Абдиџику.

„Да помагаме, а не да делиме. Со целосно внимание и посветеност ќе ги решиме конфликтите со Албанците во Македонија, Албанија и ‘долината’“, напиша Абдиџику.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ