Серија А

Прва победа за Џенова по ре-стартот на Серија А, Пандев и Шене донесоа три важни бода (ВИДЕО)

Џенова конечно се израдува на победа, Пандев и Шене вечерва ги предводеа популарните „Грифоне" до триумф од 2-0 над СПАЛ.

Џенова последен пат триумфираше во март, па тимот на нашиот Горан Пандев падна во зоната за испаѓање. Денеска го пречекаа последнопласираниот СПАЛ па ова беше прав момент за прв триумф по четири месеци.

Избраниците на Никола одговорија на предизвкот и на крајот славеа со 2-0. Резултатот го отвори Горан Пандев во 24. минута, Македонецот одлично исконтролира една топка, се намести на шут и со десна ја затресе мрежата за 1-0.

Пред крајот на првиот дел, Фалке промаши пенал, но трите бода ги осигура Шене на стартот од второто полувреме со прекрасен погодок од слободен удар.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе