петок, 29 март 2024

Додик најави „нова фаза на борбата“ и распад на БиХ

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик кажа дека највлијателните западните држави водат хибридна војна против Република Српска, најави „нова фаза на борбата“ и распад на Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик ова го кажа на специјалната седница на парламентот на Република Српска, свикана на негово барање за да се разгледа „безбедносната ситуација во светот и влијанието врз РС“. Директен повод е одлуката на високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит претходно неделава да наметне измени на изборниот закон.

Додик истакна дека европската перспектива на БиХ е спорна поради вредностите на кои Европската Унија се темели, како и поради дејствувањето на Шмит и наметнувањето закони. „Донесувањето и наметнувањето закони е пред сè нож во грб за БиХ“, кажа тој тврдејќи дека БиХ е всушност територија, а не држава.

Повторно негираше дека во Сребреница се случил геноцид, истакнувајќи дека таму подеднакво настрадале и Срби и Бошњаци. Американскиот амбасадор во БиХ го нарече искомплексиран, го нападна Судот на БиХ нарекувајќи го „место за терор врз Србите“, како и Уставниот суд, а бошњачките политичари ги нарече глупави.

„Најпаметно е да седнеме и да разговараме како да се разделиме на мирен начин“, заклучи Додик, кој е сигурен дека моментот за тоа ќе дојде и дека во тој случај на Бошњаците ќе им останат 25 отсто од територијата на БиХ каде што ќе можат да живеат.

На крајот сепак побара парламентот на БиХ да се обиде да се поништат одлуките на Шмит и практично да го укине мандатот на високиот претставник, како и од земјата да се протераат американскиот и британскиот амбасадор.

Доколку не се случи тоа, предложи српските функционери во власта на БиХ да го блокираат носењето на сите одлуки и да се раскине владејачката коалиција, а Република Српска да донесе свој изборен закон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ