Ла Лига

Прв пораз за Куман, Хетафе по девет години ја совлада Барселона (ВИДЕО)

Роналдо Куман го доживеа првиот пораз како тренер на Барселона, вечерва Хетафе приреди изненадување и ги совлада „каталонците" со 1-0.

По Севиља и Реал Мадрид, без бодови денеска остана и Барселона. „Каталонците“ загубија на гостувањето кај Хетафе со 1-0.

Барса беше подобар противник во првиот дел, Меси ја погоди стативата а Гризман изби сам пред голманот, но биеше над голот.

Казната за ова стигна по десетина минуги игра во второто полурвреме. Де Јонг реагираше наивно и направи пенал а Мата од белата точка погоди за 1-0.

Гостите потоа тешко доаѓаа до шанса за гол, се заканија во неколку наврати во финишот, беше затресена и пречката, но мрежите мируваа а Роналд Куман го забележа првиот пораз на кормилото на Барселона a Хетафе се радуваше на првата победа над „каталонците“ по 2011.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе