Лига Куп

Прв неуспех за Солшер оваа сезона, Вест Хем по 14 години победи на Олд Трафорд (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед рано го заврши настапот во Лига Купот, Вест Хем по 14 години победи на Олд Трафорд и ги елиминираше „ѓаволите" во третото коло.

Прв неуспех за Оле Гунар Солшер оваа сезона, Манчестер јунајтед испадна рано од конкуренција за трофејот во Лига Купот. Вечерва, „ѓаволите“ беа елиминирани уште во третото коло откако загубија од Вест Хем со 0-1.

Стрелец на единствениот погодок на меот беше Ланцини, фудбалерот од Аргентина доби топка на 11 метри и прецизно биеше по земја за 0-1.

Манчестер јунајтед потоа притискаше за изедначување, го имаше поседот на топката, имаше дури 27 обиди кон противничкиот гол, но не успеа да ја затресе мрежата.

За Вест Хем ова беше прва победа на Олд Трафорд по 14 години, а и прва за Дејвид Мојс против Манчестер јунајтед по отказот кој го доби во 2014.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе