Најдобрата партија за крај

Прв бод за Вардар во Лига Европа, Розенборг се спаси од пораз (ВИДЕО)

Вардар одигра 1-1 против Розенборг во последното коло од Лига Европа и го освои првиот, историски европски бод во групна фаза, но „црвено-црните“ можат да жалат што не дојдоа и до победа.

Во последното коло од Лига Европа, Вардар го одигра најдобриот натпревар, Розенборг беше на работ на пораз, но македонскиот шампион не ги искористи шансите кои ги имаше, а противникот даде лесен погок.
 
Вардар одлично го почна натпреварот, уште во деветата минута поведе со 1-0. Демири нафрли до Николов кој убаво со гради спушти до Итало а тој рутинирано ја смести топката во мрежата на Розенборг за водство на Вардар.
 
Следуваа неколку големи шанси за Вардар преку Итало, во првиот обид голманот Хансен среќно одбрани, а во следната прилика Бразилецот ја погоди стативата.
 
Вардар доминираше на теренот, но пред крајот на полувремето непромислен потег на Гачевски, го фаулираше Адегбенро судијата покажа на белата точка. Бендтнер погоди од белата точка за израмнување на 1-1.
 
По шест минути игра во вториот дел, Фелипе од слободен удар имаше можност, но биеше за малку над голот.
 
Во 75. минута Фелипе нафрли од слободен удар, Новак биеше со глава, голманот Хансен со крајни напори спречи ново водство на Вардар.
 
До крајот на мечот Вардар се обидуваше да дојде до победата, но не успеа уште еднаш да ја затресе мрежата на Розенборг.
 
Вардар со еден бод го заврши првиот, историски настап во Лига Европа кој го почна со очајна игра, но како го стекнуваше потребното искуство прикажуваше подобри партии кои кулминираа вечерва со ремито против Розенборг.
 
 

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе